А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжува трендот на раст на бројот на патници на аеродромите

by А1он14/03/2016 - 13:31179
Share0

Од почетокот на 2016 година заклучно со февруари, од двата аеродрома во Македонија,  „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, се превезени вкупно 219.378 патници, што е за 27,9 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година кога бројот на превезени патници бил 171.480.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот јануари – февруари 2016 година регистрирани се вкупно 211.696 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 168.388 патници, претставува зголемување од 25,7 отсто.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари-февруари 2016 година, превезени се 7.682 патници, што покажува раст од 148,4 проценти во споредба со истиот период од 2015 година кога биле превезени 3.092 патници.

Согласно реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари-февруари се Цирих со 12,2, Истанбул со 12, Малме со 5,6, Базел со 5,2, Лондон со 5,1 и Виена со 4,8 отсто.

Рекордниот број на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај. Во тој контекст позитивните политики за развој на воздушниот сообраќај ќе продолжуваат да се применуваат и во наредните години, со цел промовирање на нашата држава како атрактивна туристичка и бизнис дестинација.

aerodromtav

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Горан Наумовски24/10/2025 - 13:38

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски23/10/2025 - 20:3123/10/2025 - 20:32

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Горан Наумовски18/10/2025 - 17:39

Левица: Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!

Горан Наумовски16/10/2025 - 21:33

Мицкоски: СДСМ имаат само демагогија, трикови и подземни коалиции, а Венко во кампањата доби засилување од Заев

Горан Наумовски16/10/2025 - 19:3516/10/2025 - 19:40

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Горан Наумовски16/10/2025 - 19:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен