Продолжува судскиот процес за двојното убиство кај „Имепратор“ во Охрид

Од:

Пред Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи второто рочиште од судскиот процес за двојното убиство што минатата година се случи пред угостителскиот објект „Император“ во Охрид.

Главниот осомничен Бојан П. (31), жител на Охрид, на првото појавување пред Судот на 1 овој месец се изјасни невин по однос обвиненијата што го товарат дека ладнокрвно извршил двојно убиство и за неовластена употреба и чување на огнено оружје и распрскувачки материјали.

Второобвинетиот во случајот Ристе С. (31) кој се товари за помагање на сторител по извршено кривично дело, исто така на првото рочиште се изјасни за невин по однос на обвинението.

Главниот претрес по случајот денеска треба да продолжи со исказ на сведоци на настанот и изнесување докази.

Двојното убиство се случи на 22 август минатата година, во ресторанот на угостителскиот објект „Император“ на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, кога со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот Васил Ристески (56) и лицето Ромео Ѓузелоски (38), и двајцата жители на Охрид.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он