Продолжува судењето за нападот врз Села

Од:

Во кривичниот суд утрово треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Судијката Славица Андреевска, која го води процесот, на минатото рочиште рече дека главната расправа ќе продолжи на 8 февруари со доказна постапка и изјави на сведоци и вешти лица.

Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

На претходното рочиште што се одржа на 26 јануари сите десетмина обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села се изјаснија за невини.

В. М.

Би можело да ве интересира

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Села: Европската Унија за Македонија е единствено решение

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари