Денеска, во скопскиот Кривичен суд на обвинителната клупа повторно треба да седнат 14-мината обвинети од Кочани, Штип и Виница.
Обвинетите од „Детонатор“ се товарат за обид за убиство, перење пари, злосторничко здружување, лихварство, затајување на данок, измама и насилство.
Петмината кои дадоа свој изказ пред судот, тврдат дека не биле дел од злосторничка група, не се бавеле со нелегалните активности за што се обвинети, а одрекоа и дека се обиделе да го убијат Драганчо Стојменов.