Во кривичниот суд во тек е судењето за случајот „Ликвидација“ во кој е обвинет и новинарот Томислав Кежаровски.
Судењето тече зад затворени врати.
Се прегледуваат доказите прибавени со посебни истражни мерки, снимени телефонски разговори, видео материјали и транскрипти.
Адвокатите на одбраната на претходното рочиште тврдеа дека ваквите докази биле неосновани и противзаконски добиени.
Наскоро се очекува одбраната да даде изјава и впечаток од денешното судење.
Пред неколку дена на Кежаровски по петти пат му беше продолжен притворот за 30 дена.