Продолжува судeњето против полицаецот Јаким Трифуновски

Од:

Денеска во гостиварскиот Основен суд продолужва судењето против Јаким Трифуновски, полицаец од Гостивар кој во февруари годинава со службениот пиштол ги уби сограѓаните Бесник Шеапи и Имран Мехмеди.

На последното судско рочиште Трифуновски ја даде својата одбрана и тврдеше дека пукал во самоодбрана, единствено да си ја заштиит сопствената ќерка. Четворица сведоци на рочиштето сведочеа дека имало расправија и Трифуновски пукал по кавга за паркинг место.

Денеска на рочиштето во гостиварскиот Основен суд треба да има претставување на материјалните докази, а обвинителството бара во судот да сведочи и малолетната ќерка на Трифуновски, која беше очевидец на двојното убиство.

Одбраната на тој предлог се противи со образложение дека од безбедносни причини девојчето не треба да се донесе во судницата. Судското рочиште поради безбедносни причини беше одложувано два пати, а семејството на полицаецот откако се случи убиството не живее во Гостивар.

Би можело да ве интересира

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото