Продолжува состанокот на Комисијата за историски прашања

Од:

Продолжува 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн. Историчарите разговораат за учебниците за седмо одделение и ликот и делото на Гоце Делчев.

Премиерот Зоран Заев смета дека секој напредок што ќе го направи Комисијата за историски прашања ќе биде исчекор кон решение на проблемот со Софија.

– Секој исчекор што ќе го направи мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање решение на проблемот што го имаме со Бугарија. Секоја помош од трета страна е добредојдена, изјави вчера Заев во Тетово.

Премиерот посочи дека не е информиран и не може да каже кога таа е закажана.

– Комисијата е независна, тие го информираат својот ресорен министер, да им посакам само успех. Нека се одржат седниците, нека направат одреден исчекор. За мене како претседател на Влада секогаш е добродојдена експертска помош од третата страна, затоа што сме решавале секаков вид прашања и домашни и билатерални, па дури и меѓународни. Помошта од страна е добредојдена. На крајот, двете страни во Комисијата ја носат одлуката. Некој може да сподели експертиза, искуство, алатки, начини, памет на играта на зборовите каде што може да се најдат секако двете страни. Секој исчекор на Комисијата за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање на решение на проблемот што го имаме со Бугарија, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница.

Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за надворешни работи соопшти дека на 12-та средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век.

Комисијата во 2021 година се очекува да има пет состаноци.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк