Продолжува соработката со НАТО за развој на македонското воено образование

Од:

Цврсто сум убеден дека во денешното време исполнето со хибридни закани, образованието е најважната вредност која можеме да ја имаме и унапредуваме, истакна заменик-министерот за одбрана, Беким Максути на денешната средба со тимот од НАТО-програмата за унапредување на образованието во одбраната.

Посетата на тимот од оваа значајна НАТО програма, како што информира Министерството за одбрана, е дел од веќе воспоставениот процес на соработка и вклучување на Македонија во оваа Програма.

– Соработката е иницирана од Министерството за одбрана, по што следеа писмото за известување за прием на Македонија во оваа програма од генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и средбата на министерката Радмила Шекеринска со Павел Анастасов од Дивизијата за политички работи и безбедност на НАТО, како координатор на соработката со Македонија, во текот на септември, се вели во соопштението од МО.

Заменик-министерот Максути на средбата истакнал дека еден војник е комплетен, не само ако има добра опрема и обука, туку и квалитетно образование и оти заради тоа приоритет на Министерството е развој на Воената академија и унапредување на квалитетот офицерите.

Координаторот на соработката со Македонија, Анастасов, рече дека брзината на развојот на соработката од иницијалниот влез на Македонија во програмата до посетата на тимот за утврдување на потребите на военото образование покажува дека Македонија праќа јасна порака дека оваа соработка е нејзин врвен приоритет.

Тој истакна дека Воената академија била исклучително отворена за соработка и дека веќе се детектирани неколку засебни области кои ќе бидат цел на програмата – институционалниот развој, развојот на Академијата, нејзиниот кадар, наставно-научниот процес и програмата по која се предава, процесот на оценување и надградба на практиките за предавање.

Тимот од НАТО – Програмата за унапредување на образованието во одбраната денеска ќе има и завршни средби со претставниците на Воената академија, по што следува утврдување на конкретните активности за поддршка на военото образование во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата