Продолжува соработката на Собранието со Вестминстер фондацијата

Од:

Собранието на Република Македонија денеска потпиша Меморандум за разбирање со Вестминстер фондацијата за демократија и Министерството за надворешни работи и Комонвелрт на Британија, со што продолжува соработката оваа британска фондација.

– Потпишувањето на овој Меморандум е уште една јасна потврда за јасно изразената заложба за зголемување на динамиката во натамошниот развој на демократијата, владеењето на правото и над се јакнење на функцијата, улогата, но и одговорноста на Собранието како законодавен дом, чиј состав е директно избран од граѓаните, изјави по потпишувањето претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Партнерството со Вестминстер фондацијата е во насока на реализирање на програмата „Поддршка на парламентарните реформи во Македонија“, а програмата ќе биде финансирана од Британската амбасада во Скопје и ќе трае најмалку до 31 март 2018 година.

Со програмата, како што кажа Џафери, ќе им се помогне на пратениците, но и на службата за полесно да одговори на предизвиците со кои се соочува во секојдневното работење, особено во сферите на стратешко планирање, финансиски надзор, буџетирање, но и отвореност и транспаретност во работата на Парламентот.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет истакна дека денот на потпишувањето на Меморандумот не може да биде подобар имајќи предвид дека денеска се одбележува Денот на демократијата.

– Пораката останува иста Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Македонија во реформите за демократијата и владеењето на правото. Се додека гледате на пристапот во НАТО и во ЕУ како стратешки цели за јакнење на вашата стабилност, безбедност и напредок, ние ќе ве поддржиме за да ги постинете ваквите цели. Нашите две земји споделуваат ист интерес во насока на подобра стабилност, безбедност и напредок, рече Гарет.

Македонската демократија беше ставена на тест во 2017 година, посочи Гарет, но во Парламентот преку многу настани и локалните настани кои претстојат се дава можност да се излезе од оваа година како посилни и да се оди напред.

Гарет најави дека во текот на следната недела во посета на Македонија ќе престојуваат пратеници од Горниот дом на британскиот Парламент.

Демократијата треба да се гради секој ден, кажа извршниот директор на Вестминестер фондацијата Ентони Смит, кој заедно со Џафери и Гарет го потпишаа Меморандумот за разбирање.

Вестминестер фондацијата годинава одбележува 25 години од основањето, за што во Лондон се организираше голема конференција на која се обрати македонскиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител