Продолжува собраниската седница за разрешување на Зврлевски

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи седницата на која се расправа по барањето на СДСМ државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да биде разрешен од должноста. Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски на почетокот од расправата вчера образложи дека предлогот за разрешување е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

– За жал републичкото Јавно обвинителство од јануари 2013 година па до денес го претставуваше личност која за целиот свој досегашен мандат несовсесно и непрофесионално ја извршуваше својата задача и не го почитуваше доследно законот, рече Ристовски и, меѓу другото, додаде дека наместо да се грижи за човековите права и слободи, го претставувал Јавното обвинителство со молчење и непреземање никакви дејствија против криминалот.

Во своето обраќање пред пратениците Зврлевски вчера рече дека во изминатите четири години работел одговорно и совесно, врз основа на законот, Уставот и правилата во Јавното обвинителство.

– Во јавноста сум познат дека немам врска со политиката и дека сум наречен добар обвинител, така што немам партиски старешини, па со разрешувањето нема да почнат реформате, ниту ќе се врати довербата во судството, правосудството или јавното обвинителство. Останува на вас да оцените, им порача тој на пратениците.

Во дискусијата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оценија дека целта на барањето на СДСМ за разрешување на Марко Зврлевски е реваншизам на нивниот лидер и премиер Зоран Заев затоа што јавниот обвинител против него ги покренал обвиненијата за предметите Пуч и Поткуп.

Петре Шилегов од СДСМ, пак, истакна дека Зврлевски не успеал да ја сочува Република Македонија од политичарите, бранел криминал и дека неговата неспособност не е само политичка констатација и квалификација од страна на нивната партија, туку таква констатација, рече тој, државата добивала во скоро сите извештаи од релевантни меѓународни институции.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов