Продолжува самоволието на ректорот на УКИМ, 23 професори бараат да го назначи нивниот избор за декан

Од:

Иако дваесет и тројца наставници од Стоматолошкиот факултет при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“, преку отворено писмо до ректорот Никола Јанкуловски, обвинуваат дека тој пет месеци ја игнорира нивната волја за кандидат за декан на нивниот факултет и наместо тоа, времено назначил ВД декан, тој сепак продолжува со самоволието.

Тие му имаа испратено писмо на ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, во кое го прашуваат кој избира декани на факултетите при УКИМ?

Господине ректоре,

Ние на 12.12.2016 година со мнозинство гласови утврдивме единствен кандидат за декан на Стоматолошкиот факултет за мандатниот период 2017‒2021 година, нашиот кандидат е д-р Ќиро Ивановски, редовен професор. Бидејќи во согласност со Законот и Статутот сте информирани за нашиот избор, Ве прашуваме зошто полни пет месеци ја игнориравте нашата волја и зошто незаконски постапувате? Зошто за времен вршител на должноста декан ја назначивте д-р Мирјана Поповска, редовен професор на Стоматолошкиот факултет? Зошто нашиот глас не вреди ништо и зошто ја погазивте автономијата на нашиот факултет?

Наставници од Стоматолошкиот факултет при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,

Ќиро Ивановски, с.р.
Георгиева Силвана, с.р.
Апостолска Соња, с.р.
Капушевска Билјана, с.р.
Мира Јанкуловска, с.р.
Славе Наумовски, с.р.
Маја Пандилова, с.р.
Снежана Пешевска, с.р.
Габриела Ќурчева Чучкова, с.р.
Лидија Кануркова, с.р.
Јанкуловска Евдокија, с.р.
Александар Грчев, с.р.
Алберто Бенедети, с.р.
Стевановиќ Марија, с.р.
Златко Георгиев, с.р.
Сотировска Ана, с.р.
Горѓиевска Елизабета, с.р.
Василка Ренџова, с.р.
Марија Пеева Петреска, с.р.
Весна Коруновска – Стевковска, с.р.
Величковски Борис, с.р.
Сашо Еленчевски, с.р.
Јадранка Бундевска, с.р.

Наставно-научкиот совет го сочинуваат 38 наставници.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите