Продолжува расправата за буџетот, пратениците кои биле во контакт со Муцунски немаат коронавирус

Од:

Тестираните пратеници и вработени во Собранието кои биле во контакт со Тимчо Муцунски добиле негативни резултати на тестовите за коронавирус. Тие беа тестирани утрово, откако пратеникот Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет, во саботата објави дека добил позитивен резултат на коронавирус.

„Сите тестирани се негативни. Комисијата за буџет ќе продолжи во 14 часот“, информираа од Собранието.

Седницата на Комисијата каде се дискутира за амандманите поднесени за буџетот за 2021 година требаше да започне во 11 часот.

Собранието, сепак одлучи почетокот да се одложи се додека не се добијат резултати од тестовите за коронавирус.

Инаку, Муцунски за позитивниот тест на корнавирус објави во саботата на социјалните мрежи.

„Пред малку добив резултат дека сум позитивен на Ковид-19. Чувајте се и чувајте ги вашите семејства. Вирусот воопшто не е наивен“, напиша Муцунски.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска