Продолжува протестниот караван на опозицијата

Од:

Коалицијата „Сојуз за иднината“ денеска продолжува со протестниот караван со автомобили низ неколку сообраќајници во Скопје.

Протестот ќе започне напладне од салата МЗТ во Аеродром од каде караванот ќе се движи по булеварите „Авној“ и „Јане Сандански“, а ќе продолжи по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“. Потоа караванот продолжува кон Бит Пазар и по улиците „Цветан Димов“ и „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир.

Преку улиците „Босна и Херцеговина“ и „Македонско-Косовска бригада“ автомобилите ќе се движат се до булеварот „Никола Карев“, а оттаму преку булеварите „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ ќе пристигнат пред зградата на Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски