Продолжува проектот за собирање електричен отпад: „Донеси стар уред и земи ваучер за нов“

Од:

Општина Центар, во соработка со колективниот постапувач „Нула Отпад“ од Скопје и оваа година, успешно го спроведе проектот за собирање на отпадната електрична и електронска опрема од домаќинствата насловен: „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“.

Проектот општината го започна во 2016-та година, со акции во урбаните заедници и истиот континуирано се спроведува трета година по ред, преку организиран систем за собирање на отпадот од домовите на граѓаните.

Граѓаните се пријавуваат кај Координаторите на урбаните заедници или на ЕКО ЛИНИЈАТА на “Нула Отпад“, 070 236 000, наведувајќи каков тип и колку отпад поседуваат, по што колективниот постапувач го подигнува отпадот директно од домовите на граѓаните.

Отпадот, понатаму безбедно се пренесува до фирма-рециклатор, на понатамошна обработка. Секој граѓанин има право да добие ваучер од компанијата Техномаркет или може вредноста на ваучерот да ја донира за уред во социјално загрозено семејство. Досега, од територијата на Општина Центар за трите години откако се организира оваа акција, собрани се околу 40 тони отпад.

Согласно иницијативата „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“, голем број од граѓаните се откажаа од ваучерите. Од собраната сума, колективниот постапувач „Нула отпад“, заедно со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, донираше домаќински уред – фрижидер на социјално загрозено семејство.

На овој начин, општината ги исполнува законските надлежности согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема, отпадна електрична и електронска опрема и спроведува редовно организирано собирање на отпадот од својата територија.

Проектот продолжува и понатаму, преку системот за евиденција во урбаните заедници, како и поставената ЕКО ЗОНА во Градскиот Трговски Центар, каде што граѓаните можат да ги оставаат малите уреди и апарати, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски