Продолжува периодот на многу топло време

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

УХМР информира дека ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме, особено во сабота.

Би можело да ве интересира

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо