Продолжува маратонот за Закон за бранители

Од:

Французинот Луиз Колет во Гинисовата книга на рекорди е запишан, како човек  кој држел најдолг говор.

Говорел 5 дена и 4 ноќи, или вкупно 124 часа.

Од политичарите не пишува кој е рекордер, но се споменуваат  Енвер Хоџа, Фидел Кастро.

Денеска во Собранието продолжува дебатат во Комисијата за труд и социјална политика за законот за бранители, вој во процедура влезе како предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува со дискусијата на  „маратонецот“ Талат Џафери. Тој до сега говореше 8 и пол  часа,  во обид да се блокира носењето на Законот за бранителите.

Талат Џафери, го прераскажа буквално од збор до збор, од член до член,  Уставот, потоа Рамковниот договор, и тоа внимавајќи сите членови да се однесуваат на правата на албанците.

Неизвесно е уште колку денови ќе говори Џафери, па на ред се Ермира Мехмети, и другите пратеници од ДУИ, сега веќе извесно со маратонски говори да го спречат носењето на  Законот за бранители.

По Комисијата за труд и социјална политика, за законот, треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија, па потоа да оди на пленарна седница.

ДУИ на предлагачите ВМРО-ДПМНЕ им нудат две алтернативи, или да го надополнат предлогот со одредби со кои ќе се регулираат правата и на припадниците на ОНА, или да го повлечат законот.

ВМРО-ДПМНЕ, не се откажуваат, и не реагираат, барем засега, на ораторските вештини на коалициските партнери од ДУИ.

Вчера Илија Димовски реке  дека носењето на законот за бранители не е бликрано.

„Тие користат со Деловник овозможени права во расправата. Ние и понатаму остануваме на ставот дека тој закон е позитивен и дека македонскиот Парламент треба да го донесе“, рече Димовски.

Илија Димовски,го повтори ставот дека нема да го повлечат  Законот за правата на безбедносните сили и нивните семејства, чиј предлагач е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски