Продолжува изградбата на капитални проекти во Прилеп

Од:

Кај старата депонија Алинци, на простор од 6000 м2, до крајот на оваа година треба да се изгради хала за селекција на отпад. Ќе биде изградена на површина од 1200 м2, а ќе чини околу 15 милиони денари. Моментално во Прилеп се собираат од 90 до 100 тони отпад дневно, а халата што ќе се гради има капацитет од 150 тона.

По изградбата на оваа хала, на истата локација треба да биде изградена и фабрика за реклицирање хартија, фабрика за реклицирање отпад и за производство на арско ѓубриво.

Тендерот е завршен, избрана е фирмата од Хрватска Техникс, а вредноста е 14.695.500,00 денари.
Прилепски „Комуналец“ со подобрувањето на временските услови продожува со своите активности за зголемување на зелените површини, пешачките патеки и игралиштата.Најнов проект е изградбата на парк во населбата Бончејца. Во секој парк се бушат бунари за технолошка вода за наводнување на парковите при што заштедите се големи.

Речиси во секоја населба се изградени паркови и игралишта ,а според директорот на Комуналец Златко Ристески, граѓаните на Прилеп заслужуваат во секоја населба да имаат катче за одмор и рекреација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница