Продолжува изградбата на црквата „Св. Петка“ во Прилеп

Од:

До крајот на оваа година се очекува да биде готова карабината на црквата „Св.Петка“, која е во изградба веќе 5-та година. Овојпат од општинскиот буџет издвоени се 1.600.000 денари. Во изминативе неколку години беа организирани повеќе хуманитарни настани, акции, донаторски средби, со цел собирање средства за доизградба на црквата.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, градежните активности продолжуваат понатаму, а доколку дозволуваат временските услови се очекува до крајот на годината верскиот објект да биде карабина.

Изградбата на овој храм е посветена на трагичниот настан на Карпалак, кога на 8 август 2001 година беа убиени 10 прилепски воени резервисти. Камен-темелникот беше осветен на 8 август 2008 година.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена