Продолжува изборната кампања со митинзи во Кочани, Центар, Кисела Вода

Од:

Кандидатите за претседател на државата денеска ја продолжуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи на кои ќе ги претстават своите концепти за работа.

Стево Пендаровски, кој е кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата, денеска во Кочани ќе присуствува на настан со млади, а попладне ќе се сретне со граѓани на Македонска Каменица, Зрновци и Виница. Централниот митинг на кој ќе се обрати Пендаровски ќе се одржи во Кочани.

Неговата противкандатка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова попладне ќе ја претстави својата програма пред граѓаните на скопските општини Центар и Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември