Политичките партии денеска, на десеттиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Виница и во Кочани.
СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Пехчево и во Берово.
Демократската унија за интеграции (ДУИ) ќе ја претстави изборната програма во Боговиње и во Неготино, општина Врапчиште.
Демократската партија на Албанците (ДПА), пак, ќе одржи митинг во Тетово.
Коалицијата „Преродба со Беса“ ќе одржи средба со граѓаните во Брвеница и во Боговиње.