Продолжува изборната кампања – партиите на митинзи ги претставуваат програмите

Од:

Политичките партии денеска, на шестиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржи митинзи во Македонски Брод  и во Кичево.

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во скопските општини Ѓорче Петров и Карпош.

Демократската партија на Албаците (ДПА) ќе биде во Слатино (Теарце) и во Добридол, а Алијансата за Албанците ќе ја претстави изборната програма пред жителите во Липково и Арачиново.

Коалицијата за промени и правда денеска ќе одржи митинг во Драчево.

Коалицијата „ВМРО за Македонија‘‘ ќе одржи средба со граѓани во Штип.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он