Продолжува чистењето на Општина Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода продолжува со акцијата за расчистување на сметот во сите месни и урбани заедници на својата територија.

Со оваа акција од почетокот на оваа работна недела беше опфатено расчистување на отпадоците од улиците, тревните површини и парковите во УЗ „Цветан Димов“ каде беа собрани околу 4 тони смет, додека пак во УЗ „Кисела Вода“ беа собрани околу 3 тони смет.

Денес оваа акција продолжува да се одвива во урбаните заедници „Црниче“ и „Расадник“, додека пак веќе за почетокот на наредната работна недела планирана е акција за расчистување на УЗ „Бирарија“ и МЗ “Пинтија“.

За потсетување, во текот на мината недела се чистеше и во урбаните заедници „11 Октомври“ – Бараки и „Драчево“ каде беа собрани вкупно 7 тони смет, соопштуваат од општина Кисела Вода.

Локалната самоуправа за успешно спроведување на овие активности кои сеуште се во тек преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита ги вклучи своите сезонски работници.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи да вложува максимални напори за почиста и поздрава животна средина и повторно апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота.

Би можело да ве интересира

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on