Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај

Од:

Железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат целосна исплата на јануарската плата.

Како што информираат од Железничката станица во Скопје, и денеска не сообраќаат патничките и товарните возови.

Според организаторите на протестот, Независниот синдикат на МЖ, СЖМ-Инфраструктура и АНС – Железничар, прекинот на сообраќајот ќе продолжи се додека не се исполнат поставените барања за целосна исплата на платата за јануари.

Од „Македонски железници – Транспорт“ вчера соопштија дека до крајот на месецов ќе изнајдат начин да го исплатат првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата, што, пак, за синдикатите организатори на протестот е неприфатливо и инсистираат на целосна исплата.

МЖ Транспорт информираше и дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во Македонски железници.

Би можело да ве интересира

Изменет возниот ред на „Железници“ поради ограничувањата за движење

Ана Ололовска

Дваесет апликации во првата фаза на тендерот за пругата кон Бугарија

Ана Ололовска

Се заокружува претквалификациската фаза за тендерот за пругата кон Бугарија

Ана Ололовска

Хари Локвенец нов директор на Железници – инфраструктура

ВИДЕО: Маж спасен во последна секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

А1он

Трет ден не работат сигналните рампи поради уништен кабел на пругата Велес-Згропалци од невремето

А1он