Продолжува 35. седница на Собранието на Република Македонија

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 35. седница со разгледување на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција, во прво читање.

На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за шумите и Предлог законот за дополнување на Законот за ловството, сите во прво читање.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, исто така во прво читање.

Македонското Собрание треба да ги разгледа и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, на Законот за животната средина, на Законот за комуналните дејности…

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска