Продолженија на четири собраниски седници

Од:

Собранието денеска ќе одржи продолженија на четири седници, на 50-та, 79-тата, 86-тата и на 71-та.

Од дневниот ред на 50 седница не е разгледана само една точка – Предлог законот за парнилната постапка во прво читање, а од 86-та се останати две точки – Предлог просторниот план на Националниот парк Пелистер 2016-2020 и Предлог законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, во прво читање.

На 79-тата треба да се расправа за три предлог закони за ратификација на договори и спогодби, за Предлог законот за гаранција на РСМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД ЕСМ по скратена постапка, Предлог кодексот за престанување на важење на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, во прво читање.

На продолжението на 71. седница е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, предложените измени на Законот за работни односи, во прво читање, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Информацијата за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата