Продолжението на 85. собраниска седница со 80 точки

Од:

Вкупно 80 точки се пред Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на првото продолжение на 85. седница. Дел од нив се во прво читање, дел во второ, а некои треба да се донесат по скратена постапка.

Пратениците ќе ги разгледаат Предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Анкетната комисија за скандалот со Фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, Предлог-одлуката за разрешување член на Државната изборна комисија, Предлог- законот за ратификација на Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Социјалистичка Република Виетнам, како и Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на образованието и науката.

Ќе расправаат и по предлог-законите за изменување на законите за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за спортот, за шумите, за лековите и медицинските средства,…, за дополнување на законите за трговски друштва, за судска служба, за одбрана,…, за изменување и дополнување на законите за административни службеници, за внатрешни работи, за енергетика, за земјоделското земјиште, за субвенционирање станбен кредит, за Народната банка на Република Македонија,…

На дневен ред се и Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со втор дел од заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Проектот за изградба на автопатот на Коридор Х на делницата Демир Капија – Смоквица, по скратена постапка, Предлог-законот за утврдување цени на водните услуги,…

Во прво читање се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за експропријација, за финансиските друштва, за вршење услуги брз трансфер на пари, за ревизија, за инвестициски фондови, за преземање на акционерските друштва,  за вршење сметководствени работи, за игрите на среќа и за забавните игри, за комуналните такси, за персоналниот данок на доход, за лизинг, за хартии од вредност, за даноците на имот, за даночна постапка, за супервизија на осигурување,за административните такси, за регистрирање готовински плаќања, за агенциите за привремени вработувања, за вработување инвалидни лица,…

На седницата се и неколку закони поднесени од опозициските пратеници, како и барања за давање автентични толкувања.

Би можело да ве интересира

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски