Продолжение на шестата седница на Собранието

Од:

Собранието на Република Македонија денеска на пладне треба да одржи продолжение на шестата седница со расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.

Следна точка на дневниот ред на шестата седница е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

На шестата седница треба да се расправа и за предлог-измените на Законот за работните односи поднесени од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и за годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска