Продолжение на 80-тата собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 80-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, на Законот за платите на јавните обвинители, и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, трите по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и за предлог законите за дополнување на Законот за платите на судиите, за основање на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, и за изменување и дополнување на Законот за основање на Државен универзитет во Тетово, сите по скратена постапка.

На дневниот ред е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, поднесен од пратениците Андон Чибишев, Александар Стојкоски, Благородна Бојаџиева, Соња Талевска, Марија Ангелова, Јасминка Дамческа, Весна Дамчевска Илиевска, Иван Иванов, Магдалена Манаскова, Сашо Василевски, Момчило Аврамовски, Зоран Ѓорѓиевски.

Собранието ќе ги разгледа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, во прво читање и предлог законите за дополнување на Законот за енергетика, и за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, и двата во прво читање и поднесени од пратениците од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски