Продолжение на 80-та седница на Собранието

Од:

Собранието на Република Македонија денеска попладне треба да  ја продолжи 80-та седница.

На дневен ред на седницата  се предлогот за разрешување заменик на народниот правобранител и предлог одлуките за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, на одлуките за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на Националниот совет за евроинтеграции.

Пратениците треба да расправаат и за изменување на одлуките за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата во Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави.

Дел од дневниот ред се и предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, за именување претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, за именување претседател, заменик претседател, член и заменик член на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Данска за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.

Пратениците треба да расправаат и за предлог законите за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Дополнет предлог на закон за пробација, во второ читање, како и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот Топлификација на Битола, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и предлог законите за изменување и дополнување на законите за данокот на додадена вредност, за надворешни работи, за Академијата за судии и јавни обвинители, за платите на судиите, за платите на јавните обвинители, по скратена постапка, Предлог законот за основање Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, по скратена постапка…

Би можело да ве интересира

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски