Продолжение на 71-та собраниска седница

Од:

Во Собранието денеска ќе се одржи 71-та седница на чиј дневен ред е Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавка на нови автобуси за Град Скопје, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, по скратена постапка.

Пратениците ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување на Законот за платниот промет, на Законот за задолжителни нафтени резерви и на Законот за поштенските услуги, како и за изменување и дополнување на Законот за банките и на Законот за Управата за јавни приходи, петте по скратена постапка.

На дневниот ред на седницата се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, на Законот за студентскиот стандард, и на Законот за заштита и благосостојба на животните, како и Предлог законот за фитофармација, сите во прво читање.

На седницата треба да се расправа и за Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија за 2019 година и Предлог одулуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на РКЕ за 2019 година, како и за Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски