Продолжение на 117-тата собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 117. седница на чиј дневен ред е Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, во второ читање.

Пратениците ќе ги разгледаат и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за експропријација, на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, и на Законот за железничкиот систем, четирите по скратена постапка.

На дневниот ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, и на Законот за престанување на важење на законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, поднесен од пратениците од опозицијата, и двата во прво читање, како и Предлог законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик