Продолжение на 117. собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 117. седница ги разгледа предлог законите за измени и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште, Законот  за игрите на среќа и за забавните игри и Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сосптвеност. По предложените законски решенија ќе се гласа во 15 часот и 30 минути поради немање кворум.

Расправа имаше по измените и дополнувањата на законот за игрите на среќа и за забавните игри, во која Марјанчо Николов од СДСМ рече дека со измените и дополнувањата се предвидува да се издвојуваат средства од приредувачите на игри за среќа кои ќе бидат наменети за поддршка на спортот.

Според него, со ваквото решение ќе се постигне успех кај индивидуалните спортови, но оти не се доволно средства за поддршка на колективните спортови.

Николов се вклучи и во расправата по измените на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, за кој побара да се повлече и со доработка да се овозможи не само на Владата туку и на општините да можат да располагаат со својот имот и да може да го пренесат на претпријатија во општинска сопственост.

Пратениците ќе ја продолжат работата по останатите точки од дневниот ред на 117 седница по паузата во 15 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик