Продолжен домашниот притвор за насилникот кој нападна новинарска екипа на ТВ24

Од:

Кривичниот суд го прифати предлогот од обвинителството и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена, на насилникот кој физички нападна новинарска екипа на ТВ 24. Претходно Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело насилство.

„Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом“, се вели во соопштението од Обвинителство.

Оттаму објаснуваат дека „тој најпрвин вербално, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со десниот лакт кон левата долна вилица и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница. Кај присутните сведоци на настанот – новинар и возач на телевизиската екипа, обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Даниела Димовска e избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Горан Наумовски