Зградата на Карпош повод за расправа

Од:

„Ние сме најуспешна општина во градот Скопје. И без поддршка на централната власт, Карпош има двојно повеќе инвестиции од било кој друга општина во градот.

Затоа сме им трн во око на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денеска портпаролката на општина Карпош, Виолета Цветковска, како реакција на вчерашната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владеачката партија, револтирани поради ставањето на продажбата на општинската зграда на Карпош, синоќа побараа од градоначалникот Стевчо Јакимовски да го запре, како што велат, нерационалното трошењето на општинските пари.

„Денес сомневањата се дека долгот на Општината е близу 6 милиони евра. Целата зграда Јакимовски сака да ја продаде по цена од 2,7 милиони евра, што значи дека и овие пари не му се доволни за покривање на буџетската дупка“, обвини Сашо Лазаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Стевчо Јакимовски е единствениот пример на градоначалник кој не само што не изгради ништо, туку и го распродава имотот на Општината создаван со парите на сите граѓани на Карпош. Згора на тоа, изјави Лазаревски, во Карпош изминативе години не е изграден ниту еден капитален објект.

„Додека ние инвестираме и градиме, ВМРО-ДПМНЕ се занимава со опструкции, со црни кампањи, делење флаери, еве гледате со протести како денешниот. Последна опструкција им е протестот против одлуката на Советот на општина Карпош за продажба на општинската зграда”, изјави денеска Виолета Цветковска.

Таа објаснува дека тие 3 милиони евра што ќе ги добијат од продажба на зградата ги планираат за целосна реконструкција на училиштата „Братство“, „Аврам Писевски“, „Владо Тасевски,“ и „Христијан Тодоровски Карпош,“ како и за промена на азбесните покриви кај 4 градинки во општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?