Се продаваат уште три стана одземени од Мијалков

Од:

Агенцијата за управување со одземен имот информираше за оглас за продажба на четири недвижности одземени поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

-Имено, станува збор за три стана кои што се наоѓаат на ул.Славејко Арсов, еден од 78м2, два од 73м2 и една гаража од 30м2 на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.” Со продажбата на овие четири недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 20.316.663 денари или 330.350 евра, се вели во објавата од Агенцијата.

Агенцијата за управување со одземен имот во септември продаде вкупно три одземени недвижности од Мијалков, согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Претходно, во јули годинава на аукција на берза беа ставени запленети акции на Мијалков.

Би можело да ве интересира

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков