Прочков: Со визија за Богданци како модерна општина со уредена инфраструктура и канализација

Од:

Во деновите на предизборнта кампања, кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“ за општина Богданци, д-р Зоран Прочков, ја промовира својата избона програма од врата на врата, посочувајќи ја својата визија за модерна општина Богданци, со уредена инфраструктура, водоснабдување, урбанизација, канализациски системи насекаде, во сите населени места што се дел од општината.

„Мојата визија за Богданци е модерна општина уредена по европски стандарди, општина со современа инфраструктура. Ќе се работи на решавање на проблемите со водоснабдувањето и непостоењето канализациска мрежа во некои урбани подрачја.  Ќе работиме на тоа Богданци да биде општина со добро урбанистичко планирање, општина со изградени патишта, улици и тротоари, општина во која ќе се стави крај на сообраќајниот хаос, општина што ќе биде целосно осветлена, во која ќе се издигне еколошката свест во зачувување на природните прогодности на поднебјето“, ги истакна своите приоритети и конкретни заложби во работењето, доколку го добие градоначалничкиот мандат, д-р Прочков, синоќа пред граѓаните во Ѓавото и во Селемлија, а вечерва пред жителите на Стојаково.

„Најголемиот дел од решенијата се, всушност, воочени проблеми што ни ги посочија граѓаните во текот на нашите средби при остварувањето на проектот „Нашето село, нашето маало“ и тие претставуваат конкретни барања на граѓаните преточени во мојата изборна програма“, го објаснува Прочков  пристапот при офомувањето на својата изборна програма за развој на општина Богданци и на сите населени места штому припаѓаат на тој катастарски атар.

Од другите приоритети, при средбата со жителите од Богданци и населените места, тој ја посочи потребата од  подобрувањето на локалната бизнис-клима и поттикнување на локалниот економски развој. Нема да бидат изоставени ниту активностите насочени кон развој на културно- уметничките и спортски проектни планови, со цел активирање на младите, нивно вклучување во реализацијата на планските активности во тие секториза да дадат свој конкретен придонес и учество во креирањето и развојот на општината.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226