Прочков: Ќе отворам нов откупен земјоделски центар

Од:

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Богданци, Зоран Прочков изјави дека Богданци е оставен во заборав од владеачката партија.

„Вчера го посетивме споменикот на ветувањата на сегашната владеачка партија. Тоа говори за неколку работи: дека Богданци е оставено во заборав, дека тука ништо не се инвестира и дека на Владата не и е грижа за овој дел од Македонија, освен секако кога треба да се слика во интерес на придобивање гласови за време на избори. Во нашиот регион тука, земјоделците се гушат во проблеми, сите заеднички не гледаме никаков излез од оваа состојба, од овој начин на владеење. Секако, СДСМ ќе направи промени.

Јас, доколку моите сограѓани ќе ми ја дадат довербата, за почеток ќе ги направам работите што уште сега можам да ги ветам, дека зад тие големи проекти стои мојата партија – СДСМ. Инфраструктурата и гасификацијата се приоритет на таа листа. За искуството во гасификацијата, тука е позитивниот пример на Струмица, а нивниот градоначалник е подготвен да ни помогне и да го сподели своето искуство со нас.

Секако, не подолу во приоритетите се наоѓа и отварањето на нов откупен земјоделски центар. И тоа реален вистински Откупен центар изграден на основа на претходна анализа. Оти сметам дека не е доволно да се изградат 180 метри квадратни ладилник, ако на овој регион му е потребно неколку пати поголем. Затоа велам дека во најскоро време тој ќе биде изграден, но според добиените резултати од анализата“, рече Прочков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски