Проблеми со гласањата во затворите: Затвореници ги нема на избирачкиот список, а во „Идризово“ немало паравани

Од:

Доцнел почетокот на гласањето низ затворите во Македонија, поради технички проблеми. До сега е евидентирано дека во затворот „Идризово“ немало паравани поради што почетокот на гласањето бил во 8:20 часот, во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка поради местење на избирачкиот материјал имало доцнење од 20 минути.

Поголеми проблеми кои биле надминати имало во затворите во Битола и Штип. Избирачкиот одбор не дозволил затворениците да гласаат со тонски книшки (затворенички легитимации). Овој проблем е отстранет и гласањето продолжило.

За кумановскиот затвор, познато е дека околу триесетина затвореници кои сакале да гласаат, ги немало на избирачкиот список. Ваков проблем имало и во битолскиот затвор, каде затвореници со право на глас, ги немало на избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска