Признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во регионот

Од:

Владата на денешната 190. седница го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори и склучување на Договорот за заемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во контекст на Централноевропскиот договор за слободна трговија.

Како што соопшти владината прес-служба, членовите на Владата на седницата го прифатиле усогласениот текст на Договорот.

По успешно завршените преговори за склучување на Договорот за заемно признавање на професионалните квалификации за доктори, стоматолози и архитекти од минатогодишниот Самит на Берлинскиот процес, работните групи, како што се наведува, го продолжиле заокружувањето на Директивата на ЕУ 2005/36/ЕЗ за останатите четири регулирани професии.

– Договорот за заемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во контекст на Договорот за слободна трговска соработка на Централна Европа се заснова на принципот на автоматско признавање согласно Директивата на ЕУ 2005/36/ЕЗ за признавање на професионални квалификации и е во насока на постигнување успешна и целосна имплементација на одредбите за внатрешен пазар на ЕУ, во рамки на сите шест земји од Западен Балкан, се вели во соопштението.

Дел од иницијативата за формирање на Регионален Економски Пазар 2021-2024, согласно заклучоците од Самитот на лидерите на Западен Балкан е, како што се наведува, во рамки на Берлинскиот процес во Софија (2020 година).

Би можело да ве интересира

Сестринската професија не заслужува да ѝ се фрла дамка поради недокажани инциденти реагираат здруженијата на медицински сестри

Бешлиовска: Има голем одлив на медицински сестри во странство

Конечно на дневен ред еден од многуте проблеми со кои се соочуваат медицинските сестри

Предраг Петровиќ

Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата

Срамна одлука на Врховниот суд: Медицинските сестри кои беа уапсени за малтретирање старица ослободени од притвор

А1он

Медицински сестри во САД заработиле 1,5 милиони долари од фалсификување сертификати за вакцинација