Признанија за крводарители од Кавадарци и Росоман, дарувале крв и по сто пати

Од:

Крводарители од Кавадарци и Росоман кои дарувале крв по јубилејни 25, 50, 75 и сто пати, како и крводарители кои дарувале најмногу во текот на една година, синоќа добија признанија, по повод Денот на Црвениот крст и крводарителството во Република Македонија – 17 Март.

Настанот беше во организација на Општинската организација на Црвен крст. Нејзиниот претседател Димитар Каракулев потсети дека годинава се одбележуваат 73 години од формирањето на оваа хуманитарна организација и крводарителството, како дел од неа. Се осврна и на позначајните дејности, па ги спомена крводарителството како една од најосновните гранки, здравствено-превентивната, подготвеност при катастрофи, прва помош, социјално-хуманитарна дејност како една од најважните и слично. Посебно ја истакна вклученоста на младите во работата на Организацијата. Проговори и за успесите во областа на крводарувањето.

– Минатата година имавме планирано 1.180 крводарувања. Планот го реализиравме, а собравме и дополнителни 630 крвни единици. Редовно сме во првите десет општини по успешност во крводарувањето. Тоа пред се, се должи на хуманоста на нашите крводарители и службите кои ги реализираат доброволните крводарителски акции, рече Каракулев.

Честитки до сите крводарители упати доктор Никола Трендафилов, заменик градоначалник на општина Кавадарци.

Доктор Татјана Неткова, раководител на Службата за трансфузиона медицина, говореше за значењето на крвта како неопходен лек за многу болести и повреди, кој покрај големите достигнувања на науката не може да се добие по вештачки пат.

– Тоа ја прави крвта како лек, бесценета. А крводарителите, меѓу хуманите луѓе, ги прави најхумани. Затоа што помагаат не давајќи матријални добра, туку давајќи дел од себе, нагласи Неткова, заблагодарувајќи се на сите крводарители и изразувајќи им честитки за хуманоста.

Упати порака до сите луѓе барем еднаш во животот да бидат крводарители. Затоа што, како што рече, ние сите, не само што можеме да бидеме крводарители, можеме некогаш да бидеме и потенцијални приматели на крв, бидејќи никој од нас не знае кога во животот може да му биде потребна крвта како терапија.

Покрај крводарителите, признанија добија и компании и организации кои го помагаат Црвениот крст.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична