Призма: Синовите на Мијалков отворија фирма за градежништво

Од:

Фирмата на синовите на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, „Бест веј инвестмент“ ДОО е отворена во понеделникот, а за директор е поставен Илија Тозија, член на надзорниот одбор на Државна видеолотарија на Република Македонија Касинос Аустриа.

best inv 1

Двајцата синови на Сашо Мијалков, ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), отвориле фирма за градежништво, трговија и услуги. Документите од Централниот регистар говорат дека фирмата „Бест веј инвестмент“ ДОО била формирана во понеделникот, на 21 септември, објави Призма.

sopstvenici best vej

Како сопственици на новоотворената компанија се јавуваат двајцата синови на бившиот шеф на УБК, 21-годишниот Јордан Мијалков и вториот малолетен син за кој како законски застапник се јавува сопругата на Мијалков, Александра.

3

Приоритетна дејност на фирмата според шифрата наведена во документот од Централниот регистер е „советување во врска со работењето и останато управување“, а евидентирани се и дејности во надворешниот промет. Според документите, фирмата на семејството на Мијалков се наоѓа во центарот на Скопје, на улицата „Орце Николов“.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов