Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ започнаа со блокирање крстосници во Скопје

Од:

Приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираа крстосницата кај „Мавровка“. Во моментов среде крстосницата се паркирани дваесетина возила.

ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на четири крстосници во Скопје во периодот од 15 до 17 часот, а за во 18 часот најави протест пред Министерството за правда. Блокирани се и крстосницата кај Порта Влае; крстосницата помеѓу булеварите Јане Сандански и Србија во населбата Ново Лисиче и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Ваквиот потег на партијата следува по притворањето на членови и функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

„На удар е слободномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние кои се грижат и на кои Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде што оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам. Целата оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики кои власта ги реализираше во изминатиов период“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал