Привршуваат подготовките за 15. „Пиво фест 2017“ во Прилеп

Од:

При крај се подготовките за јубилејното 15-то издание на Пивофест“ во Прилеп, беше соопштено денеска на прес – конференцијата пред Домот на културата „Марко Цепенков“.

Локалната самоуправа и невладината Центар за граѓанска иницијатива се организатори на оваа летна манифестација што ќе се одржи од 13 до 16 јули во центарот на Прилеп.

Според Талија Петреска од Центар за граѓанска иницијатива утре ќе почне да се поставуваат штандовите во центарот на градот на булеварот „Гоце Делчев“.

– Денеска е последниот кординативен состанок на институциите кои се вклучени во организација на „Пиво фест“. Утре ќе започне поставувањето на штандовите. Булеварот „Гоце Делчев“ ќе биде затворен во наредните шест дена. Имаме изработено сообраќаен план во кои насоки ќе се движи сообраќајот овие денови за да нема застој. Паркинг-местата се добро познати од паркинг-службата, која што ќе биде дежурна во текот на овие четири фестивалски денови. Службите се подготвени во полн состав и очекуваме голем број гости за Фестивалот, рече Петреска.

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески рече дека и годинава организацијата ќе биде на високо ниво за безбедност на сите гости на Фестивалот.

– Станува збор за еден од најмасовните фестивали на Балканот, а ние секогаш сме се покажувале како добри домаќини. Се надевам дека така ќе биде и оваа година. Мојата молба до граѓаните на Прилеп е да се воздржуваат овие четири дена од користење моторни возила. Повеќе да отстапиме место за сите оние традиционални гости кои ни доаѓаат тука и кои ќе ги има во голем број. „Пиво фест“ отсекогаш е посочуван како пример во организација на фестивалите, така ќе биде и годинава, изјави Ристески.

Организаторите нјавуваат голем број изненадувања и новитети, а едни од главните атракции се пивскиот воз и пивскиот велосипед кои денеска беа промовирани пред домот на културата „Марко Цепенков“.

– Денеска започнуваат со работа пивскиот воз и пивскиот велосипед. Позитивната енергија се чувствува насекаде. Сите ние со нетрпеливост го очекуваме овој фестивал, а еуфоријата е веќе започната. Градот е преполн има многу гости и туристи, оние кои немаат престој им препорачувам да го направат тоа час поскоро, а исто така гостите може да си понесат и шатор и да бидат дел од кампингот на Паркот на револуцијата, објасни граоначалникот Ристески.

Денеска се делеа и промотивни флаери на патарините на автопатот „Александар Македонски“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски