Привршува реконструкцијата на водоводната мрежа во Виница

Од:

Десет улици во Виница добиваат нова водоводна мрежа со реконструкцијата на постојната инсталација и исфрлањето на старите азбестни цевки.

Екипи на фирма изведувач од Скопје ги привршуваат градежните работи на најфреквентните улици во градот, булеварот „Маршал Тито“ и улицата „Браќа Миладинови“, откако претходно беше заменета мрежата на „Славчо Стојменски“, „Раде Кончар“, како и на делови од улиците „Страшо Пинџур“, „Стив Наумов“, „Илинденска“, „Димитар Осоговски“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“ и „4 Македонска бригада“.

– Со проектот е опфатена реконструкција на 3.960 метри од водоводната мрежа во градот, а заокружувањето на овој значаен комунален зафат очекуваме да се реализира до средината на мај. Со тоа од 42,5 километри водоводна мрежа во Виница, со овој и со претходните неколку проекти ќе биде креконструирана околу половина од вкупната должина на водоводот, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Средствата за оваа реконструкција во висина од 6,5 милиони денари се обезбедени од Европската инвестициона Банка, Министерството за транспорт и врски и од Општина Виница. Приклучувањето на домаќинствата ќе оди индивидуално откако ќе бидат комплетирани сите водоводни линии.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски