Привршува адаптацијата на Дневниот центар за деца со попреченост во Кочани

Од:

Децата со попреченост во развојот од Кочани конечно ќе добијат дневен центар за престој и згрижување, за што при крај се активностите за адаптирање на просторот.

Центарот е сместен на околу 200 метри квадратни во клонот 4 на детската градинка „Павлина Велјанова“ кај Градскиот пазар и располага со две занимални, кујна и трпезарија, тоалет, бања и помошни простории.

Според техничките параметри обезбеден е капацитет за 25 корисници и во него ќе бидат сместени децата за кои до сега немаше посебна институција за дневно згрижување во Кочани, па тие се носеа во соседните општини.

– Со отворањето на Дневниот центар за деца со попреченост ќе се избегне нивното секојдневно патување во другите центри во регионот, а тој ќе функционира како посебна работна единица во состав на Центарот за социјални работи од Кочани. Институцијата ќе ги исполнува сите стандарди за извршување на поставените задачи, ќе има посебно одделен влез од градинката, а со децата ќе работат психолог, логопед и негувателка, истакна Кирил Ковачев, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Започнувањето со работа на Дневниот центар за децата со попреченост во Кочани се најавуваше уште пред три години, но до сега не беше ставен во функција. Тој беше повеќе од неопходен откако пред повеќе години беше затворен центарот „Порака“ кој ги згрижуваше овие лица.

Поддршка за адаптирањето и опремувањето на Центарот даде Министерството за труд и социјална политика, а општина Кочани го обезбеди просторот и останатите технички услови.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип