Општина Гостивар: Привремено решение за покривот на ОУ „Гоце Делчев”

Од:

Денес почнаа работите за покривање на покривот на Основното училиште „Гоце Делчев” како привремено решение.

Јужната страна на училишната зграда ќе биде покриена со најлон кој се користи за оранжерии, материјал кој штити од снег, дожд и ветер за период од три години.

Проектот ќе го реализираат без надоместок претпријатијата „Професионал Бау” и “Леарт Проект” кое и во минатото им помогнало на локалните и централните јавни институции.

Покрај јужната страна, која зафаќа површина од околу 1000 квадратни метри, ќе се санираат и оштетените делови на покривот во другите страни од зградата. Воедно ќе се интервенира и во сомнителните точки, од кои се претпоставува дека може да протекува вода, како што се местата каде што поминуваат жиците од громобранот.

Со реализација на овој проект кој се очекува да биде завршен неделава, се гарантира дека оваа учебна година учениците од ова училиште ќе ја завршат без проблеми, а за трајно решение, наредната пролет ќе се извршат сите тендерски постапки и за време на летниот одмор ќе се изведат работите за изградба на нов покрив. Тоа значи дека од новата учебна година, во ОУ „Гоце Делчев” ќе биде решен клучниот проблем со кој училиптето се соочува последниве години, се вели во соопшетението на Општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија