Привремен сообраќаен режим викендов на Водно

Од:

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кој води до Средно Водно, овој викенд (09.06.2018 и 10.06.2018 година) ќе се одржи брзинско – ридски натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“.

За таа цел, дел од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ул. Тодор Александров бр. 165) и патот до Средно Водно ќе бидат затворени за сообраќај во следниве термини:

– 09.06.2018 година од 08 до 16 часот;
– 10.06.2018 година од 08 до 15.30 часот;

Исто така, возилата на автобуските линии кои го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно, 25, 25А и 25Б нема да сообраќаат, освен автобуската линија 25 со редовен возен ред по 16 часот во сабота, односно 15:30 часот во недела.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош