Приведена 22-годишна девојка барана по потерница, кај неа пронајдени украдени предмети

Од:

Вчера вечер, во 23.45 часот на улицата „Кеј Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната Б.Ј. од Тетово, информира МВР.

– Таа била барана по потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна и поради сомнение дека околу 23.00 часот на 17.05.2022 одзела предмет од возило на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, сопственост на М.Т.(48) од Скопје. Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го признала делото, соопшти МВР.

При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска, таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он