Приведено лице во Скопје, пронајдено одземено возило

Од:

Вчера попладне во 14.00 часот на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 24-годишниот Н.М. од село Бојане, скопско, извести МВР.

– По извршени проверки било констатирано дека возилото „дачиа сандеро“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пријавено за одземено од рент а кар компанија. Исто така, кај него била пронајдена и одземена марихуана, додаваат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби