Приведено лице осудено на 20 години затвор

Од:

Вчера во акција на полициските „алфи“ e приведено лице осудено на затворски казни во вкупно времетраење од 20 години.

Вчера (22.05.) околу 13 часот на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин во Скопје, припадниците на единицата „алфа“ го лоцираа и лишија од слобода лицето Марјан Д. (36) од Пробиштип, соопштува МВР. Приведениот беше баран по распишана потерница од Основниот суд Скопје 1 а за издржување на затворска казна во вкупно времетраење од 20 години, поради сторени повеќе кривични дела од областа на имотните делекти: „тешка кражба“, „кражба“, „одземање моторно возило“. Приведениот по приведувањето е препратен во КПУ Идризово на издржување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски